| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз од репрезентацијата на Кина на стартот од вториот турнир

Комбинираната кошаркарска селекција на Македонија го загуби првиот натпревар на вториот турнир од турнејата во Кина. Домаќинот Кина оствари победа од 101:87, а предноста (двоцифрена) која ја направија домаќините во вториот период успеаја да ја сочуваат докрајот на натпреварот.
Утре македонските кошаркари ќе играат против Колеџот Ајдахо од САД, а на овој турнир противник ќе биде и селекцијата на Литванија.
На претходниот турнир комбинираниот тим го освои петтото место со биланс три победи и два пораза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top