| четврток, 6 декември 2018 |

Од почетокот на годината во Бугарија откриени 1.856 илегални мигранти

migranti-3-granica-740

Во периодот јануари-мај 2016 година, бугарската полиција открила и привела вкупно 1.858 мигранти, кои илеглано влегле на територијата на Бугарија, соошти денеска бугарското Министерство за внатрешни работи,

Како што јави БТА, во соопштението се посочува дека ова бројка е речиси двојно помала во споредба со истиот период лани, кога на територијата на Бугарија биле пресретнати 3.535 илегални мигранти.

Според полициските податоци, само во поседниве 24 часа биле регистирани четири групи со вкупно 50 мигранти, кои се обиделе илегално да влезат во Бугарија.

По затворањето на балканската бегалска рута преку Македонија и Србија кон земјите членки на ЕУ, властите во Софија стравуваа дека мигрантите би можеле да се пренасочат од Грција кон Бугарија во нивниот обид да стигнат до западните земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top