| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Иванов – Суомалаинен: Македонија доби пофалби од ОБСЕ за справувањето со мигрантската и бегалска криза

ivanov-soumalainen

Претседателот Ѓорге Иванов денеска одржа средба со амбасадорката Нина Суомалаинен, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата, како што информираа од мисијата, било дискутирано за развојот на ситуацијата со движењата на мигрантите и бегалците.

 „Амбасадорката Суомалаинен ја пофали посветеноста на земјата во справувањето со различните предизвици наметнати од кризата“, информираат од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top