Дејвид Бекам, некогашен извонреден фудбалер, јавно ја искажа својата поддршка на кампањата за остaнување на Велика Британија во ЕУ.
Бекам во својата порака Европа ја опиша како тим кој треба да игра заедно за успех.
-Моите најдобри години како играч ги поминав во клубот од моето детство, Манчестер Јунајтед. Израснав во група на млади британски играчи, како што се Рајан Гикс, Пол Скоулс, Ник Бат и браќата Фил и Гери Невил. Освен нас, во тимот имаше група на искусни играчи, како што се Гери Пелистер, Стив Брус и Пол Инс. И денеска тој тим би можел да освојува трофеи, но станавме многу подобри и поуспешни откако во тимот дојдоа данскиот голман Петер Шмајхел, лидерската улога на ирецот Рој Кин и умешноста на французинот Ерик Кантона. Ја имав таа привилегија да играм и живеам во Мадрид, Милано и Пaриз со соиграчи од Европа и целиот свет. Тие големи европски градови и нивните страствени навивачи го поздравуваа моето семејство и мене, и ни дадоа можност да уживаме во единствените и инспиративни култури и луѓе. Од тие причини давам свој глас за останување на Велика Британија во Европската унија”, рече Бекам во својата порака до гласачите, која ја пренесуваат британските медиуми.
Референдумот на кој граѓаните на Велика Британија ќе одлучат дали нивната земја ќе остане или ќе ја напушти ЕУ, ќе се одржат на 23-ти јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст