| четврток, 6 декември 2018 |

Обама носи трауми од детството: Претседателот сè уште одбива да ги прочита писмата на татка си

FILE - This undated file photo released by Obama for America shows President Barack Obama as a young boy, and his father, also named Barack Obama. Obama's father left the family to study at Harvard when Barack was just two. Federal immigration records indicate the elder Obama was forced to leave Harvard University in 1964 before finishing his doctorate in economics because the school was concerned about his personal life and finances.   (AP Phot/Obama for America, File)

Одбивањето на претседателот на САД да ги прочита писмата на својот татко, оние кои ги знаат околностите, го гледаат преку недостигот на односот татко-син.
Уште пред неколку години во Центарот за истражување на црнечка култура „Шомбург“ во САД, биле откриени серија писма кои таткото на сегашниот американски претседател Барак Обама ги праќал до факултетите на кои аплицирал. Иако уште тогаш добил покана да ги прочита, американскиот претседател сè уште не го направил тоа, пишува Њујорк тајмс.

Одбивањето на претседателот на САД да ги прочита писмата на својот татко, оние кои ги знаат околностите, го гледаат преку недостигот на односот татко-син. Имено, Обама Сениор е по потекло од Кенија, а во САД дошол откако се изборил за стипендија за студирање на Хаваите.

„Моја голема желба и амбиција е да ги продолжам студиите во Америка“, напишал во 1958 година во писмо со кое аплицирал за стипендија, тогаш 22-годишниот Барак Обама Сениор.

obama-pisma-tatko-02

Во 2013 година „Шомбург“ го повикал претседателот Обама да ги прочита новооткриените документи кои вклучуваат повеќе од 20 писма кои ги напишал неговиот татко, неговите транскрипти од Универзитетот на Хаваи и Харвард, препораки од професори и советници. Три години подоцна, неговиот син, сè уште не му одговорил на Центарот, па тие и јавно го повикале да ги прочита писмата кога ќе биде подготвен. Од Канцеларијата на претседателот одговориле дека ќе ги прочита писмата кога ќе му заврши мандатот во Белата куќа.

Американскиот претседател јавно зборувал за празнината која неговиот татко ја оставил во неговиот живот. Имено, кога наполнил три години, неговиот татко го оставил и него и неговата мајка на Хаваите, и се вратил во Кенија. Синот го посетил само еднаш, и тоа на еден месец кога малиот Барак имал 10 години. Во интервјуто за Њујорк тајмс рекол дека отсуството на неговиот татко во неговиот живот го принудило како тинејџер да се бори со сфаќањето што значи да се биде маж. Чувството на загуба детално го опишал во својата книга „Сништата на мојот татко“.

APW1193833

Во текот на студирањето на Хаваите, Обама Сениор ја запознал Ан Дунам, со која се венчал во 1960 година  и го добил Барак, иако веќе имал сопруга и дете во Кенија. Во писмата преку кои аплицирал за стипендија

не споменал дека има семејство.

Роднините го опишуваат Обама Сениор како комплициран и брилијантен маж кој сака да командува. Загинал во сообраќајна несреќа на 46 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top