| четврток, 6 декември 2018 |

Брутално го убија малолетници: „Збогум Лука, и дај една небесна“

26_1000x0-61842

На православните гробишта во Српски Крстур вчера околу 14 часот е погребан Лука Попов (60), кој на брутален начин со многу мачење го убија неговите сограѓани, познати по ситни кражби Јован З. (16), Дејан П. (17) и Габријела Коломпар (27) од Суботица.

Во присуство на тројца свештеници, мајката Иванка, роднините, претставник на општината Нови Књежевац и Чока, културно-уметничките друштва од редгионот, голем број познаници и пријатели на вечното почивалиште го испратија и неговите колеги од радиото „Макс Чока“.

-Денешниот ден е еден од најлошите за водителите, твоите колеги зошто ја немаме таа привилегија сега да ти пуштиме, преку ред песна, некоја народна. Само народна оди за толку народен човек. Не го корегирав текстот, само што го напишав, како што не се подготвувавме при пред влегување во програма. Така ни беше најмило и најоригинално. Збогум Лука, пушти ни ти нас некој небесна, па и ние водителите да се исплачеме како луѓе, вели колешката Манда Вуковиќ од Радиото „Макс Чока“.

Комеморативен собир беше одржан во општината Нови Књежевац и пред Домот на културата во селото, каде во народни носии се собраа претставниците на фолклорните групи кои на 25. овој месец ќе настапуваат на Српски Крстур, чиј организатор беше токму трагично загинатиот водител Лука Попов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top