| четврток, 6 декември 2018 |

Карамарко поднесе оставка на местото лидер на ХДЗ

karamarko

Оставката на Карамарко на лидерската позиција, следеше откако тој претходно се повлече и од местото прв потпреседател на хрватската Влада, бидејќи не успеа да обезбеди ново парламентарно мнозинство

Претседателот на Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Томислав Карамарко претпладнево поднесе оставка за функцијата.

Оставката на Карамарко на лидерската позиција, следеше откако тој претходно се повлече и од местото прв потпреседател на хрватската Влада, бидејќи не успеа да обезбеди ново парламентарно мнозинство, откако ХДЗ заедно со опозицијата ја урна коалициската Влада на Тихомир Орешковиќ.

– Поднесувам оставка на местото претседател на ХДЗ. И ветив на партијата дека ќе успеам да обезбедам парламентарно мнозинство и не успеав во тоа. Затоа преземам одговорност. Сметам дека ова ќе и даде нов политички импулс на партијата, изјави Карамарко на прес-конференција во Загреб, додавајќи дека оставката не ја поднел под нечиј притисок.

– Во партијата сум практично од 1989 година и секогаш сум бил во функција на својата земја. Мислам дека ова ќе биде „нов ветер во грбот на партијата”, истакна Карамарко, заблагодарувајќи им се на сите членови на партијата како и на сите кои му дале поддршка.

– Беше убаво да се биде претседател на ХДЗ, ние во овие четири години добивме достоинство и се уште сме најсилна партија, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top