| четврток, 6 декември 2018 |

Путин јасен: Можеби е суперсила, но нема Америка да ми кажува како да живеам!

Russian President Vladimir Putin speaks during a session of the St. Petersburg International Economic Forum 2015 (SPIEF 2015) in St. Petersburg, Russia, June 19, 2015. Putin said on Friday Russia was doing well in tackling its economic crisis, aggravated by Western sanctions over the Ukraine crisis and a fall in global oil prices. REUTERS/Grigory Dukor

Рускиот претседател Владимир Путин, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург зборувал за светски теми, а една од главните била таа Соединетите Американски Држави.

-Америка е голема сила, можеби единствена суперсила во светот. Тоа го прифаќам. Прифаќам и соработка со нив, со кој било што ќе дојде на местото американски претседател. Но, тоа нека не ги залажува дека можат да ми кажуваат како да живеам, рекол Путин, пренесува Раша тудеј.

Тој потоа ја критикувал американската акција во Украина, истакнувајќи дека Вашингтон е во заблуда, и ги осудил американските обиди од петни жили да ја спречат соработката помеѓу ЕУ и Русија.

Откако ги споменал изборите во САД, неизоставно било прашањето за Доналд Трамп, кој неколку пати се заблагодарувал на убавите зборови од рускиот претседател. За разлика од комплиментите кои претходно му ги возвраќал на Трамп, Путин овој пат се обидел да биде поумерен, велејќи дека неговите коментари за контроверзниот републиканец биле погрешно сфатени.

putin tramp baknez

За разлика од претходните изјави, кога го нарекувал Трамп “посебен”, “многу талентиран” и “апсолутен лидер во претседателската трка во САД”, Путин сега за републиканецот рекол дека “многу специфичен”.

Ја поздравил неговата желба да ги поправи односите помеѓу САД и Русија.

-Не гледам ништо лошо во тоа, рекол Путин, и додал дека има добри односи со поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, чија сопруга Хилари е главен конкурент на Трамп за фотелјата во Белата куќа.

-Благодарен сум му на Бил за вниманието, убавите зборови и големото почитување кое го искажа кон Русија и кон мене лично, рекол Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top