| четврток, 6 декември 2018 |

Да, дојдов во Вегас за да го убијам Трамп

donald tramp

Тинејџерот кој изминатиот викенд беше уапсен бидејќи на митингот на Доналд Трамп во Лас Вегас се обиде да украде пиштол од полицаец, призна дека сакал да го убие републиканскиот кандидат

Тинејџерот кој изминатиот викенд беше уапсен бидејќи на митингот на Доналд Трамп во Лас Вегас се обиде да украде пиштол од полицаец, призна дека сакал да го убие републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД.

Според судските документи, Мајкл Сендфорд пробал да ја разоружа полицијата пред два дена, но бил совладан.

– Сендфорд изјави дека свесно дошол во Лас Вегас да го убие Трамп, се наведува во полициските документи.

Мотивите на уапсениот за потенцијалниот напад на Трам не се објавени.

Во трката за номинација милијардерот многупати предизвика бурни реакции со своите изјави за муслиманите, за Американците од мекисканско потекло и со изјавите за надворешно политичките прашања.

Трамј има најмногу шанси за кандидат на републиканцитеза номинација за Белата куќа. Се очекува неговата кандидатура да биде потврдена на конвенцијата на Републиканската партија.

Америка ќе гласа на 8 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top