| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ повеќе дечиња во предвремен пубертет: Петгодишни девојчиња со менструален циклус се лекуваат на Детската клиника

devojce pubertet

Четириесетина деца со предвремен пубертет во моментот се пациенти на Клиниката за детски болести. Повеќето се на возраст од пет и шест години и најголем број од нив се женски. На Oдделот за ендокринологија специјалистите им одредуваат терапија и ги бараат причините зошто девојчиња кои уште не тргнале на училиште имаат менструален циклус.

-Родителите се испаничени, мислат дека крвавењето е од нешто друго, но сепак, се одредува терапија, бидејќи кај вакви деца може да дојде до проблеми со растот и развојот, па може да останат ниски, вели д-р Аспазија Софијанова директор кана Клиниката за детски болести.

Според лекарите, бројот на деца со предвремен пубертет расте секаде во светот. И Македонија го следи тој тренд. Порано овие симптоми биле занемарувани и многу често не била поставена вистинската дијагноза. Сега педијатрите се решени сериозно да се занимаваат со оваа проблематика. Изворот за предвремен пубертет не го знае никој. Но, исхраната и пестицидите имаат големо влијание.

-Секако дека конзервираната храна има големо влијание, потоа пилешкото месо и јајца кои се хормонски извор. Мора да се внимава што се јаде, вели Софијанова

Модерниот начин на живот и нездравата исхрана според педијатрите ја намалува и возрасната граница за влегување во светот на возрасните. Порано пубертетот почнуваше по 11-тата година. Сега гради и и влакна на интимните делови  на децата почнуваат да им растат на 8 и 9 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top