| четврток, 6 декември 2018 |

Србија и Хрватска потпишаа Декларација за односите меѓу земјите

Со Декларацијата е договорено со цел унапредување на блатералните односи, регионалната соработка и стабилност како и решавање на отворени прашања, активно да се покренат или забрзаат процеси за унапредување на билатералната заштита на малцинствата – српското во Хрватска и хрватското во Србија

Српскиот премиер Александар Вучиќ и претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ потпишаа денеска во Суботица, Декларација за унапредување на односите и решавање на отворените прашања меѓу Србија и Хрватска.

Со Декларацијата е договорено со цел унапредување на блатералните односи, регионалната соработка и стабилност како и решавање на отворени прашања, активно да се покренат или забрзаат процеси за унапредување на билатералната заштита на малцинствата – српското во Хрватска и хрватското во Србија.

Во втората точка од декларацијата се вели дека веднаш треба да се пристапи кон преговори меѓу државни комисии за одредување на граничната линија меѓу Србија и Хрватска врз основа на меѓународното право. Во документот се вели дека двете страни немаат никакви територијални претензии и подготвени се во случај билатералните преговори да не успеат, својот територијален спор да го изнесат пред меѓународна правосудна институција.

Трета точка е согласност Србија и Хрватска да забрзаат примена на Договор за прашања на сукцесија.

Со декларацијата се потврдува дека двете држави се согласни потрагата по исчезнати лица е приоритетно хуманитарно прашање и ќе вложат искрени и максимални напори за барање исчезнати.

Двете држави се свесни за новите предизвици пред Европа и светот особено меѓународниот тероризам и светската мигрантска криза и оти се подготвени двете држави активно и координирано да дејствуваат во борба против тероризмот и бегалската криза.

Последната точка се однесува за заедничките прекугранични проекти и се вели дека двете држави се подготвени активно да дејствуваат во заеднички развојни и прекугранични проекти на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top