| четврток, 6 декември 2018 |

Африка дочека погодок по 220 минути пост, јунакот е Баду од Гана

Емануел Баду од Гана со гол против ДР Конго, конечно го прекина постот од 220 минути без погодоци на африканскиот куп на нации во фудбал.

Во третиот меч на турнирот чиј домаќин е Јужна Африка, Гана и ДР Конго одиграа нерешено 2-2 во Порт Елизабет. Во 40. минута, Баду погоди за 1-0 за фаворитот Гана, но тоа не беше доволно за победа на „црните звезди“. Мпуту и Мбокани од пенал му донесоа вреден бод на ДР Конго, откако на двапати аутсајдерот имаше негатива од еден погодок. Квадро Асамоа беше стрелец на вториот гол за Гана.

Вечерва, во вториот дуел од истата Б група, играат Мали и Нигер.

Вчера, на премиерниот ден од шампионатот, двата дуели меѓу Јужна Африка и Кејп Верде, односно Ангола и Мароко завршија со реми, 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top