Последна фаза на уредувањето на секој простор, секако е украсувањето, а поставувањето слики на ѕидовите бара најмногу внимание, умешност, но и вкус.
Без разлика дали се работи за фотографии или уметнички слики треба да се почитуваат одредени правила. За да си ја олесните работата, следете ги овие три постулати: композиција, ритам, рамнотежа.
Ако запоставите кој било од нив, резултатот може да биде лоша и хаотична поставка на ѕидот, неприатна за око, а уметничкото дело престанува да биде видливо.
Пред да почнете да закачувате слики, разгледајте го просторот и забележете ги неговите карактеристики, т.е. намената, осветленоста, димензиите и пропорциите.
Секако дека една мала слика нема да ја поставите сама на ѕидот, особено не во средината, бидејќи тоа е сигурен начин просторот да ја проголта и да стане невидлива. Исто така, преголема слика на ѕид со скромни димензии ќе делува како да ѝ е тесно.
Доколку поставите само една слика, потрудетесе нејзиниот центар да биде позициониран на околу метар и половина од подот, а доколку сакате да поставите повеќе уметнички дека едно над друго, посматрајте ги како целина. Тогаш центарот на композицијата треба да биде на таа висина.
Доколку идејата ви е да претворите еден ѕид во галерја со повеќе уметнички слики или фотогафии, изберете една за централен мотив, а останатите распоредете ги рамномерно околу неа. Композицијата не мора да биде симетричкна, но добро е да водите сметка за растојанието меѓу поголемите слики кои не би требало да биде помало од 5 сантиметри. Само фотографии со помали формати можете да поставувате на двојно помало растојание.
Секогаш одредете еден раб во однос на кој ќе ги поставувате сликите, а можете да мерита така што средината на сите слики ќе биде во иста линија.
Внимавајте и на техниката во која се изработени сликите. Пожелно е да групирате дела изработени во иста техника и да не мешате графика и масло на платно, акварели, цртежи и фотографии, а уште полошо – и стилови. Потрудете се делата од еден автор да ги ставате на еден ѕид.
Внимавајте и на колоритот. Самостојно на ѕидот можете да закачите едно масло на платно во големи димензии и со интензивен колорит, а малите слики секогаш комбинирајте ги во композиција.
Внимвајте како ги комбинирате и со мебелот. Ако на ѕидот има кауч или тросед, внимавајте да не ги поставите превисоко и композицијата да не биде подолга од парчето мебел над кое се наоѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст