| четврток, 6 декември 2018 |

Вистината за најемотивната песна на Цеца: Кому му е посветена и зошто никогаш не ја пее во живо

ceca

Цеца Ражнатовиќ пред 12 години ја снимила песната „Neću dugo“, која набрзо сатанала лична карта за сите жени. Денес по повеќе од деценија, фолк пејачката открива зошто оваа балада никогаш не ја запеала во живо и  кому всушност  му  ја посветила.

Иако многумина мислеле дека  песната „Neću dugo“ всушност е посветена на мажот кој  оставил најголема трага во нејзиното  срце и  живот, вистината  е потполно поинаква. Имено, Цеца баладата  ја посветила на своите деца, Анастасија и  Вељко.

ce-1

„Тоа е песна која Марина Туцаковиќ ја напиша за мене, а јас им ја посветив на своите деца, но никогаш не сум ја запеала во живо освен на цедето. Публиката на концертите сака да слуша нешто  побрзи  и подинамични  песни, па затоа оваа никогаш не сум ја отпеала во живо“, изјавила Цеца, која наскоро треба да објави нов албум, на кој  за прв пат  пејат  и  Анастасија   Вељко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top