| четврток, 6 декември 2018 |

Солидарност на дело – Кејт Мос веќе не става капка алкохол во уста

kejt

Една од најскандалозните манекенки повеќе не пие алкохол. Британскиот модел Кејт Мос (42) одлучи да му да даде поддршка на своето момче Николај вон Бизмарк (29) кој неодамна се пријави на одвикнување од алкохол. Кејт и Николај се во врска половина година.

Наводно, Кејт го наговорила да оди да се лекува од зависноста. Кејт е позната по лудите забави, а на последните две јавни излегувања не се напила ниту капка алкохол. Поради зависноста од алкохол и дрога и самата манекенка веќе неколку пати беше на одвикнување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top