| четврток, 6 декември 2018 |

ГДОМ повика и повторно го сплоти народот за одбрана на Македонија: Судот да не се плаши од луѓе како Зоран Заев

2016-06-20

Судиите се избрани поради нивниот капацитет и личен интегритет и  независноста на судот подразбира дека ниту еден судија не може правилно да ги носи одлуките доколку е исплашен, доколку е предмет на закани или пак очекува некаква корист од која било страна. Затоа не смеете да потклекнувате на никакви притисоци, ниту однатре ниту однадвор. Правдата мора да биде еднаква за сите. Целосно е неприфатливо за едни да важат законите, а за други да нема никаква одговорност, порачаа одГраѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска на собирот пред Основниот суд Скопје 1 пред илјадниците граѓани кои се се одзваа на нивниот повик.

gdom-3-640x360

„Да се собереме сите и да испратиме гласна порака и охрабрување до судот: судете според закон, а не според политички нарачки“, повикаа вчера од ГДОМ.

toni-mihalovski1

Пред граѓаните се обиратија Тони Михајловски од ГДОМ, кој нагласи дека граѓаните и ГДОМ се за слободно судство и им порача на таканаречените револуционери  дека револуција не се води така, за револуција треба народ кој секогаш е подготвен да ја одбрани Македонија и она што Македонија за овие 10 или 25 години успеа да го направи.

Изјава даде и скопскиот татко Коце Трајановски, кој повика Талевски по редовна судска постапка да си ја докаже својата невиност.

koce-trajanovski-640x360

Се собравме тука пред Основниот суд да го искажеме својот револт кон СЈО коешто сметаме дека има селективен пристап во обработка на предметите и начинот на којшто работи не е во ред, бидејќи СЈО наместо да покренува обвиненија врз основа на докази, јавно ги осудува и пресудува луѓето само од една политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ, изјави Коце Трајановски на собирот пред Основниот суд.

gdom-4-640x360

-Сметаме дека ова не е добар начин, туку напротив, секој оној којшто се огрешил од правдата и има направено криминал, треба да одговара во една редовна судска постапка. Треба да се остават судовите да си ја завршат својата работа. Второ, СДСМ гледајќи покрај СЈО коешто практично работи за СДСМ сега прават притисоци врз Основниот, Апелациониот и Врховниот суд да ги донесат оние одлуки коишто нив им одговараат. Ние сме тука да му дадеме поддршка на градоначалникот на Битола, Владо Талевски, бидејќи сметаме дека е успешен градоначалник којшто три мандати по ред битолчани го бираат за градоначалник, има многу направено за општина Битола и бараме по редовна судска постапка да си ја докаже својата невиност. Од другата страна имаме луѓе кои кажаа дека не го признаваат судството, луѓе кои се од другата политичка партија којашто ја создадоа оваа криза којашто е повеќе од година дена во Република Македонија, за нив СЈО не бара никакви притвори, туку ги остава во редовни судски постапки да си ја докажат својата невиност, рече Трајановски.

gdom-8-640x360

Тој нагласи дека исто така, ако се погледне случајот на Талевски, ќе видиме дека во Република Македонија има и од другите политички партии кои за превозот неколку пати поскапо плаќале отколку што плаќала Битола.

-И затоа не треба да се има селективен пристап. Република Македонија си има институции и треба да функционираат, судови со свој легитимитет. Да оставиме тие во една редовна судска постапка да докажат дали некој е виновен или не е виновен. Вака со вршење на притисоци сметаме дека се продлабочува кризата во Република Македонија. Од ден на ден Република Македонија се повеќе запаѓа во една тешка криза која ќе има далекусежни последици доколку се продолжи да се решава на овој начин. Ако некој сака да дојде на власт, нека си дојде на редовни и фер избори. Ама да дојде што побрзо, да не бара начин како да ги одложи изборите. Од една страна сакаме избори утре, па од друга страна дај Боже да не дојде до тие избори. Вака, на овој начин, сметаме дека трпи Република Македонија. Затоа сме дојдени тука, уште еднаш да повторам, да му дадеме поддршка на градоначалникот на Битола Владимир Талевски, затоа што тука се присутни околу 70% од градоначалниците на Република Македонија, коишто покажаа како се гради Република Македонија. Нема општина каде што нема интензивна изградба. Нашето мото е само со проекти, само со градба и подобрување на условите за живеење на граѓаните на Република Македонија, само така ќе ја добиете нивната доверба, рече Трајановски.

gdom-6-640x360

На денешниот собир на ГДОМ еден од говорниците, Александар Пандов, изјави дека судиите добиваат целосна поддршка да не носат одлуки под притисок, но и предупреди дека доколку трендот продолжи, граѓаните ќе го бараат одговорот на овие прашања уште погласно и помасовно.

aleksandar-pandov-640x366

-Му даваме целосна поткрепа на македонското судство и на македонските судии, сега како претставници на ГДОМ ќе однесеме декларација со која што им даваме подршка на судиите и сакаме да им порачаме од тука дека овој пат ќе влеземе само неколку луѓе кои што ќе ја достават таа декларација, треба да им биде јасно дека во идно време, многу пати повеќе од овие луѓе сега што сме собрани ќе дојдеме и нема само неколку луѓе да влеземе во судот , туку сите луѓе ќе ги поканиме и да влеземе во судот. Бидејќи овој е наш македонски суд,  да ни објаснат зошто под притисок носат некој одлуки, зошто прават равенство на криминалци докажани и на луѓе кои што ништо во животот ама баш ништо немаат криминално направено, изјави Пандов.

На собирот на ГДОМ постојано доаѓаат граѓани од Скопје и цела Македонија, а членовите на ГДОМ на Судот ќе му предадат Декларација, која беше прочитана пред граѓаните и новинарите:
deklaracija-640x360

Почитувани судии,

Судската власт е еден од темелите на секоја држава. Без независна судска власт нема држава и државност. Вие сте луѓето на кои им е дадена довербата за да ја чувате правдата и да судите согласно законите.

Вие сте избрани заради вашиот капацитет и личен интегритет. Независноста на судот подразбира дека ниту еден судија не може правилно да ги носи одлуките доколку е исплашен, доколку е предмет на закани или пак очекува некаква корист од која било страна.

gdom-1-640x360

Затоа не смеете да потклекнувате на никакви притисоци, ниту од внатре, ниту од надвор. Правдата мора да биде еднаква за сите. Целосно е неприфатливо за едни да важат законите, а за други да нема никаква одговорност.

Зоран Заев е аболиран и спасен од кривична одговорност за криминал тежок 8 милиони евра. Зоран Заев се закануваше дека за него не постојат македонските судови и дека нема намера да постапува по судски наредби. Зоран Заев изјавуваше дека ќе правел списоци со судии на кои ќе им се одмаздувал доколку дојде на власт. Неговиот портпарол Петре Шилегов најави поднесување на кривична пријава против судија само заради одлука донесена по закон и врз сопствено убедување. Нивните невладини организации се заканија дека за уши ќе влечеле и на клоци ќе ги исфрлале уставните судии, а општинските организации на СДСМ најавија дека ќе го палеле судот.

gdom-5-640x360

Истиот овој Зоран Заев е осомничен за барање поткуп и за Пуч. Истиот овој Зоран Заев е на слобода, а на Владимир Талевски му се изрекуваат мерки иако нема никакво криминално досие и секогаш го почитувал судот. Наместо аболирани криминалци да ги вратат милионите што ги украдоа од државата, судот го притвора Владимир Талевски.

Не дозволувајте, луѓе како Зоран Заев да ве заплашуваат и да влијаат врз вашите одлуки. Така само го нарушувате вашиот кредибилитет и интегритет.  Вашето спротиставување на притисоците во овој период ќе биде потврда на независноста и непристрасноста на судството во Република Македонија и ќе биде пример за идните генерации судии во земјава.

gfom-2-640x360

Селективната правда не е правда. Одлуките донесени под притисок не се правични одлуки. Одлуките донесени под притисок, само го будат револтот кај граѓаните.
Затоа ве охрабруваме да не подлегнувате на притисоци. Да не си го губите образот заради какви било закани и ветувања. Затоа Ве охрабруваме да не носите нарачани политички одлуки.

Криминалците како Заев треба да одговараат и тој мора да го врати украденото од државата. Неговите сметки не смее да ги плаќаат невини.

 gdom_-_03

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top