Вчера во 16,10 часот на бул.„Илинден“, поточно во непосредна близина на Зоолошка градина, додека Д.М.(1991) од Скопје, се возел со „форд фокус“, со неговата сопруга Е.М., малолетното дете, братот А.М. и другарот К.М., застанал на семафорите, при што во еден момент покрај возилото поминал скутер, на кој се возеле две лица, при што со рачките од скутерот му го оштетиле десниот ретровизор.
Откако, А.М рекол да застанат, лицето со скутерот продолжило да се движи и се паркирало на автобуската постојка. Д.М го запрел возилото на околу 5 метри пред скутерот и на ретровизорот забележал како едно од лицата го отворило седиштето на скутерот, но кога сакал да излезе од возилото тогаш Е.М. и А.М почнале да викаат дека лицата имаат пиштол.
Д.М. го стартувал возилото, но во еден момент се слушнал удар во пределот на задната шофершајбна која се распрскала на парчиња. Д.М. успеал да избега на бул.„Партизански Одреди“, каде забележал полициско возило, по што го пријавил случајот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Фото: архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст