Негувателка која работела во градинка во Марибр осудена е на 13 месеци затвор, поради запоставување деца и сурово остапување.
Осудената негувателка Мариета Весеич ги негира обвинувањата и најавила жалба на правосилната пресува негирјќи дека физички казнувала две девојчиња помали од две години, односно дека ги фрлала од високо во креветче, дека ги тепала по задниците и дека ги полеала со студена вода кога не сакале да спијат или да јадат виршли, како што стои во пресудата, а има и сведоци.
Тврдела дека обвинувањата се измислени и дека станува збор за сплетка од колешките. Негувателката, која има повеќе од 30 години стаж, била обвинета во 2013 година, откако директорката добилапријава од чистачка дека негувателката сурово постапува со децата, а без работа останала кога сомнежите на чистачката ги потврдила истрагата на полицијата.
И родителите на децата кои биле малтретирани забележале дека нешто не е во ред, зашто девојчињата одеднаш почнале да плачат и да не сакаат да одат во градинка, но ја дознале вистината кока им јвила директорката. Сега во посебна парница бараат отштета од „тета Мариета“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст