Македонските претставници во европските фудбалски купови попладнево ќе ги дознаат своите противници во првите квалификациски кола.
Од четирите екипи кои ќе ја претставуваат Македонија во Лигата на шампиони и во Лигата на Европа, единствено составот на Работнички е меѓу носителите, согласно својот коефициент во УЕФА, па „романтичарите’’ би требало да очекува и релативно полесна жрепка, иако е јасно дека во Европа веќе одамна нема лесни противници.
Покрај Работнички, во Лига на Европа ќе настапуваат и освојувачот на националниот куп, тетовска Шкендија, како и третопласираната екипа од првенството – Селекс.
Првакот на Македонија, Вардар кој ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони, прв ќе го дознае својот противник, имајќи предвид дека на жрепката во Нион, од 12 часот ќе се извлекуваат двојките за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, чиишто натпревари ќе се играат на 28 и 29 јуни, а реваншниот дуел е седум дена подоцна (5 и 6 јуни). Втората квалификацсиска рунда за Лигата на шампиони на програмата е на 12 и 13, односно реваншите на 19 и 20 јуни.
Жрепката, пак, за Лига на Европа е закажана за 13 часот, а дуелите од првото квалификациско коло ќе се играат на 30 јуни, додека реваншите се на 7 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст