| четврток, 6 декември 2018 |

На неговиот роденден – Убиен уште еден пејач на „Д Воис“

По убиството на младата американска ѕвезда Кристина Грими во Орландо, уште едно убиство на ријалити ѕвезда ја потресе американската и светската јавност, пишува „Дејли мејл“.

Мексиканскиот пејач и учесник во музичкиот нтпревар „Д Воис“, Алехандро Хано Фуентес (45) им подлегнал на тешките повреди откако во петокот вечерта додека седел во својот автомобил во Чикаго, напаѓач го затрелал трипати со пиштол во глава.

Полицијата соопштила дека Фуентес непосредно по пукањето бил прогласен за мртов, но сепак бил приклучен на апарати за одржување во живот за да се почекаат неговите роднини и пријатели да допатуваат од Мексико.

Фуентес во петокот со пријателите го славел својот 45-ти роденден кога убиецот го натерал да излезе од својот автомобил пред музичко студио во Чикаго. Според тврдењата на полицијата , Фуентес во автомобилот не бил сам кога убиецот го принудил да излезе надвор.

Пејачот во почетокот не сакал да го напушти автомобилот, но откако напаѓачот пукал вперил пиштол во неговиот пријател кој се наоѓал со него во автомобилот, излегол надвор. Во тој момент напаѓачот пукал во него испалувајќи му три куршуми во глава околу 22 часот навечер во околината на Брајтонскиот парк во Чикаго.

Пејачот во критична состојба е превезен во болницата „Маунт Синај“.

Откако пукал во пејачот, напаѓачот се оддалечил од местото на злосторството до блискиот автомобил. Полицијата вели дека се уште не го привеле напаѓачот. Смртта на Фуентес ги потресе пријателите на пејачот, но и целокупната јавност. тој во 2011 година бил финалист на мексиканското музичко шоу „Д Воис“ а во 2013 година се преселил во Чикаго.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top