| четврток, 6 декември 2018 |

Москва ќе го прослави Велигден со 90 милиони јајца

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, продавниците на Москва ќе бидат снабдени со 90 милиони јајца.

-Очекуваме овој број да биде доволен за задоволување на потребите на главниот град на Русија, соопшти градската управа.

Поради зголемената конкуренција на пазарот, оваа година за прв пат цените пред Велигден нема да бидат зголемени. Продавниците ќе бидат снабдени и со повеќе од 1.000 тон од традиционалниот велигденски колач, „кулич“, со тежина од 100 до 800 грама, а за најсиромашните граѓани обезбедени се 50.000 бесплатни колачи, пренесе Верската информативна агенција.

Сепак забранета е продажба на секаков вид алкохолни пијалоци, на јавните места каде ќе се прославува овој голем христијански празник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top