Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Дневникот на „Сител телевизија“ зборуваше и за состојбата со македонските медиуми.
- Во делот на медиумите, ние веќе како четири најголеми партии во Македонија, донесовме измени пред неколку месеци на Изборниот закон во кој што го регулиравме работењето на медиумите за време на Изборниот процес и тоа веќе не е прашање, тоа се усвои во Парламентот, гласаа сите партии и нема никакво прашање во однос на работењето и регулирањето на медиумите за време на изборите – рече Груевски.
- Она што сега тие го отвораат е за после изборите, односно како би тие сакале да биде регулирањето и ние тука имаме еден кристално јасен став. Ако сакаме сите земјата да стане членка на ЕУ, ние треба да одбереме која од 28-те земји членки има најдобра регулатива за медиумите. Јас не велам ние да избереме, нека изберат тие, нека изберат во консултации со кого сакаат. Таа држава и тој закон што ќе го изберат ние сме подготвени да го прифатиме, да го гласаме во Парламентот заедно со нив и да биде Закон во Република Македонија – додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст