| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту на небото нема мир – Со бомба дигнат во воздух гробот на познат балкански криминалец

grob

Во петокот, на градските гробишта Гвозден брег во Бар, Црна Гора, со експлозивна направа бил разнесен гробот на Лука Ѓуровиќ, познат балкански криминалец кој загинал во 2013 година. На неговото вечно почивалиште бил поставен експлозив, најверојатно активиран со далечински управувач, со кој гробот бил разнесен.

Ѓуровиќ важеше за еден од водачите на криминачните групи и постојано имаше работа со полицијата. Неговото име се наоѓа во “белата книга”, документот ОКТА – Процена за опасност од организиран криминал во во Црна Гора, каде стои дека тој бил лидер на најсилниот криминален клан во Бар. Инааку, тој загинал во сообраќајна несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top