| четврток, 6 декември 2018 |

Порше победи на 24 часа Ле Ман

Тимот на Порше со бројот 2 победи на 84-то издание на трката 24 часа Ле Ман. Трката на која победи Порше, а која се возеше пред 250.000 луѓе, беше решена во последните пет минути.

Роман Дума, Марк Либ и Нил Џани, му ја донесоа на Порше втората последователна победа, откако до првото место стигнаа во последниот круг, кога Тојотата која ја управуваше Казуки Накаџима застана пред стартно целната рамнина.

Тојотата со бројот пет, која покрај Накаџима ја управуваа Себастијан Буеми и Ентони Дејвисон, не успеа да избори пласман, па до второто место стигна вториот тим на Тојота (Мајк Конвеј, Стефан Саразан и Камуи Кобајаши).

На третото место се пласираше втората екипа на Ауди (Оливер Џарвис, Лукас де Граси и Лоик Дувал).

Овогодишното издание на трката во Ле Ман беше едно од највозбудливите во историјата, бидејќи на крајот разликата меѓу првиот и вториот изнесуваше помалку од осум минути, а по 20 часа разликата изнесуваше една секунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top