| четврток, 6 декември 2018 |

Зад посетата на Џинпинг во Србија: Паштета од фазан и фотографии со целото семејство

02 prve-dame_620x0Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг во Србија не помина без вести од зад протоколот. Се пренесуваат детали од храната, преку шегите, до моментите на фотографирање.

Паштета од Фазан
Премиерот Вучиќ приредил ручек за кинескиот претседател, на кој присуствувале и министрите во владата и членови на кинеската делегација. На менито било мешано месо, паштета од фазан, различни видови на риба, како и традиционална српска пита со ореви.

Шеги со сопругите
Со кинескиот претседател во Србија допатува и неговата сопруга Пенг Лијуан. Ја придружуваше сопругата на Томислав Николиќ, Драгица. По интонирањето на химните, двајцата претседатели тргнале кон официјалниот дел на разговорите па во ходникот во палатата „Србија“Џинпинг се поздравил со Драгица, но и со својата сопруга, што предизвикало смеењер на присутните.

Пречек во воздух
Џинпинг не криеше дека бил воодушевен од пречекот, штом „стапнал“ на српско небо. претседателскиот авион веднаш добил обезбедување од три српски авиони „миг 29“, што му предизвикало „топлина“. „се чувствувам како дома“- рекол Џинпинг.

02 porodica-nikolic-kineski-pr

„Семејно фото“ на вечера
кинеските медиуми ја пренесоа фотографијата од вечерата кај претседателот Николиќ на крајот од првиот ден од посетата на Џинпинг. На фотографијата се и синовите на Николиќ со сопругите и внуците на српскиот претседател. ПОтоа се вели дека тие не останале на вечерата, туку само се запознале со високите гости од Кина, се фотографирале и заминале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top