| четврток, 6 декември 2018 |

Повредата на Лука Модриќ сериозна

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ се повреди во 60-тата минута игра против Чешка и како што стојат работите тој сигурно нема да настапи против Шпанија во третото коло од ЕУРО 2016.

– Состојбата на Лука не е најдобра, има истегнување на мускулот и мислам дека воопшто нема да конкурира за место во тимот за дуелот со Шпанија. Мускулот му е отечен и потребни се два-три дена мирување за да биде подготвен за осминафиналето, изјави Борис Немец, лекар на хрватската фудбалска репрезентација.

Местото на Модриќ за дуелот со Шпанија треба да го заземе Матео Ковачиќ, исто така играч на Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top