Седум девојки од кои три од Албанија и четири од нашата земја биле откриени при ноќешната полициска контрола спроведена околу половина час по полноќ во угостителскиот објект „Били 97“ во гостиварското село Чегране сопственост на Б.Н.(34) од истото село, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци трите албански државјанки биле на возраст од 21, 22 и 29 години додека македонските државјанки биле по една од Гостивар од Скопје и две од Струга.
-Девојките биле ангажирани како пејачки и танчарки во објектот и бидејќи албанските државјанки го злоупотребиле туристичкиот престој и нелегално работели биле приведени во полициската станица Гостивар при што биле предадени за понатамошна постапка на Одсекот за прекуграничен криминал, странци, миграции и реадмисија, рече Јосифовски.
Информира дека во изминатите десеттина денови во полошко биле спроведени акциски контроли во 11 угостителски објекти при што биле откриени поголем број странски државјанки претежно од Албанија ангажирани нелегално како пејачки и танчарки и оти со ваквите контроли ќе се продолжи и во следниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


