| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: УЕФА отвори постапка против Хрватска за нереди, но и за расизам

Очекувано, УЕФА и службено поведе дисциплинска постапка против Хрватска поради нередите на хулиганите на натпреварот против Чешка

Дисциплинската комисија објави дека Хрватскиот фудбалски сојуз се терети за фрлање на пиротехнички средства и други предмети на теренот, немири на трибините, но и за расистичко однесување.

Освен за Хрватска, казна се спрема и Турција, чии навивачи, исто така фрлаа бакли и други предмети на тревникот во Ница за време на натпреварот против Шпанија.

Одлуките за двата случаи УЕФА ќе ги донесе во понеделник, 20 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top