| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока тепачка во Света Петка, дошло и до пукотници

Вчера околу 19,10 часот во скопското село Света Петка дошло до нарушување на јавниот ред и мир во што учествувале А.С.(41) и З.С.(29) од една и А.Џ.(26) и Е.Џ.(19) од друга страна. Во тепачката освен тврди предмети било употребено и огнено оружје.

З.С. се здобил со прострелна повреда на десна подколеница, а со телесни повреди се здобил и А.С. по што истите биле пренесени во ГОБ„Св.Наум Охридски“, додека во Ургентниот центар во Скопје бил донесен А.Џ. кој се здобил со тешка телесна повреда во пределот на главата, поточно скршеница на череп, по што бил задржан на лекување.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top