| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот на британската пратеничка изјави пред судот „Смрт на предавниците, слобода за Британија“

Томас Мер, единствениот осомничен за убиство на британската лабуристичка пратеничка Џо Кокс, се појави денеска пред судот изјавувајќи „Смрт на предавниците, слобода за Британија“.

Како што пренесуваат западните медиуми, 52-годишниот Мер на тој начин одговорил на прашањето на судијата кое е неговото име.

Претходно денеска против него е подигнато обвинение.

Претставникот на полицијата во Западен Јоркшир, Ник Волен истакна дека е подигнато обвинение за убиство и дека Мер ќе се појави денеска пред судот во Вестминистер.

Кокс почина на 16 јуни како последица од нападот во нејзината изборна единица во северниот дел на Англија, соопшти полицијата.

Полицијата во Западен Јоркшир соопшти дека е уапсен маж на 52-годишна возраст веднаш по нападот, кој се случи во Бристол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top