Музичката тинејџерска ѕвезда Џастин Бибер доживеа непријатна случка на концерт во Канада, паѓајќи од сцената.
Незгодата се случила во пауза меѓу песните, додека 22-годишниот пејач изнервиран се обидел да ја намести кошулата која му била врзана околу струкот и која постојано паѓала. Со наведната глава тргнал зад сцената, кога целосно ја промашил сцената и паднал.
Шокираните фанови гледале како „исчезнува“ од сцената, но за среќа не се повредил. Сепак, тоа бил доволен повод повторно да биде предмет за исмејување на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.