| четврток, 6 декември 2018 |

Kуче-скитник предизвика сообраќајка, едно лице заврши на Ортопедија

Мотоциклист е тешко повреден и во моментов се наоќа на скопската Клиника за ортопедија откако учествувал во сообраќајка предизвикана од куче-скитник.

Несекојдневниот инцидент се случил во центарот на Кочани, пренесува „Канал 5“.

Кучето скитник, според очевидците кои не сакаа да зборуваат пред камера, објаснуваат дека, од засега непознати причини, се стрчало кон моторџијата, кој во тој момент се движел со својот мопед марка Томос АПН 6.

Во движење, кучето го укасало моторџијата во пределот на ногата и избегало. 68 годишниот С.Н. како последица од првичниот шок и болка од кучешкиот угриз, изгубил контрола врз мопедот и удрил во паркирано возило. Како последица од ударот, старецот ја скршил левата нога во пределот на коленото. Граѓаните кои се затекнале на местото на бизарниот инцидент, веднаш притрчале на помош и повредениот итно го пренеле во кочанската, за потем, лекарите да го транспортираат во штипската Клиничка болница.

Поради сериозноста на повредата кочанчанецот е пренесен на Ортопедија на скопската Клиника. Кочанчани и полицијата се единствени во оценката дека ваков сообраќаен инцидент досега за прв пат се евидентира во тамошните полициски досиеја. Од друга страна, бизарниот настан повторно го актуализира проблемот, Што со кучињата скитници, кои слободно шетаат по градските улици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top