Зајакнатата борба против корупцијата во изминатите години е причината порди која се предложени измени на Законот за Влада со кои се засилува обезбедувањето на премиерот по истекот на мандатот. Покрај тоа, според премиерот Никола Груевски, влијание има и порака која се испраќа со многуте преземени акции кон лицата вклучени во криминални и коруптивни процеси.
Материјата за обезбедувањето на премиерот, сега е уредена со Правилник, а со законот се подига нивото. Наместо една година, услугите за обезбедување премиерот ќе ги добива толку години колку што ја извршувал функцијата. Се зголемува и бројот на обебзедувачи од три на шест.
– Тоа досега не било регулирано со закон. Јас во тој правец ја поздравувам нивната иницијатива и намера. Во минатото пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ борбата против криминалот и корупцијата не беа во врвот на приоритетите на владите и оттука разбириливо што воопшто и поранешните гарнитури не размислувале за периодот потоа, изјави Груевски запрашан за предлог измените кои ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе во Собрание.
Со оглед на тоа дека оваа Влада, посочи, има сериозен пристап во борбата против криминалот и корупцијата се размислува на сите можни ризици и очигледно пратениците во тој правец повлекле чекор за дополнително да ги зајакнат позициите на практично најекспонираната личност во борбата против криминалот и корупцијата, а најекспонирана секогаш е таа што стои на чело на Владата.
– Во овој случај може да се толкува дека тоа е нешто заради мене, но во основа станува збор за функцијата премиер. Во иднина ќе доаѓаат други влади, други премиери и добро е сите тие да се чувствуваат побезбедно кога преземаат акции за сузбивање сериозни криминалци коишто како и во многу земји откако ќе бидат под удар потоа се обидуваат да го возвратат ударот порано или подоцна. Така што, од тој аспект ценам дека пратениците повлекле добар потег за да во иднина сите натамошни влади и премиери чувствуваат поголема сигурност кога ќе удрат силно против одредени криминални банди и криминални групи, луѓе кои што имаат голема финансиска и друга моќ – додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството


