Мартија Станојковиќ, Елена Бимбилоска и Антониа Гиговска, трите девојчиња што уште од почетокот на натпреварувањето беа фаворити, стигнаа до финалето на „Пинкови ѕвездички“.
Жирито и овојпат не штедеше на комплименти за нашите претставнички кои во вчерашното второ полуфинале по којзнае којпат покажаа дека можат да се носат и со постари и поискусни музички ѕвезди.
- Mагично! Ти си за мене пејачка. Македонија има претставничка за „Евровизија“ – изјави Леонтина за петнаесетгодишната Антониа Гиговска, за која Хари Мата Хари додаде дека е неколку степени над сите останати.
Гласањето ќе биде отворено цела недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.