
Кумановец во алкохолизирана состојба и по вербална расправија се обидел да ја убие сопругата и синот со моторна пила.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Д.(55) од село Осиче-кумановско, за кривично дело загрозување на сигурноста при семејно насилство.
Пријавениот, на 20 април годинава, околу полноќ, во алкохолизирана состојба во семејната куќа започнал вербална расправија со својата сопруга Р.Д. (52) и синот М.Д. (23), при што им се заканувал дека ќе ги убие, а откако истите се затвориле во спалната соба, пријавениот со моторна пила ја исекол вратата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


