Постојат верувања дека некои предмети носат лоша енергија, ако се поставени на погрешни места.
- Огледало свртено кон кревет
Се верува дека завртено кон креветот, огледалото создава проблеми во љубовната врска и лошо вллијае на здравиот брак.
- Црна врата
Бојата на влезната врата најдобро е да се одреди според страната на светот кон која е свртена. Црна може да биде само ако е свртена кон север, инаку предизвикува лоша среќа.
- Билка со трња
За острите предмети се смета дека носат несреќа и и ако сакате домот да привлекува позитивна енергија избегнувајте да чувате растенија со трња, како кактуси.
- Календар на погрешно место
Календар обесен на влезна врата потсетува на минливоста на животот и се верува дека влијае на животниот век на оние кои живеат таму.
- Слика од бродоломи
Слика со бродолом претставува немир кој може да влијае на однесувањето и на енергијата на домаќините.
Доколку сакате дом полн со позитивна енергија внесете пет дребулии кои носат среќа.
- Свежо цвеќе
Ако ставите свежи цвеќе на некое видливо место во својот дом, среќата нема да ве одбегне. Само не свеќе со боцки!
- Врата во боја
ако е завртена кон југ, вратата бојосајте ја црвена или портокалово. Завртена кон север, покрај црна , може да е во сина боја. Доколку е завртена кон запад, вратата треба да е сива или бела, а врата завртена кон исток ќе ви донесе среќа ако е браон или зелена
- распоред на мебелот
Се верува дека мебел во круг помага во протокот на енергија. Исто така, кревет поставен дијагонално од вратата на спалната, ќе го исполни домот со позитивна енергија.
- Потковица
Во многу култури се веруба дека закачена потковица над врата носи среќа. Ако е завртена нагоре ќе ја задржи среќата, а ако е надоле, среќа ќе падне над секој кој ќе мине низ вратата.
- Ловец на сништа
Обесен во спалната соба, ловецот на соништа штити од лоши соништа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.