| четврток, 6 декември 2018 |

Лекари без граници ги одбиваат парите на ЕУ заради мигрантите

lekari bez graniciМеѓународната хуманитарна група Лекари без граници (МСФ) денеска соопшти дека нема повеќе да ја прифаќа финансиската помош од Европска унија и земјите-членки во знак на протест поради нејзината политика кон мигрантската криза.

МСФ минатата година од институциите на ЕУ и од земјите-членки доби 56 милиони евра.

Во соопштението на МСФ се посочува дека нема повеќе да прима пари во знак на протест поради „срамната политика на заплашување и засилените напори за да се одвратат луѓето од европскиот брег“.

МСФ како пример го наведува договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на бранот бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top