| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО – ДПМНЕ: Талевски е жртва на политичкиот прогон на Заев и Јанева

konevski-za-talevski-press

– Владимир Талевски е еден од најдобрите градоначалници во Република Македонија. Владимир Талевски чесно и совесно си ја вршеше својата функцијата од 2005 година наваму. Затоа битолчани три пати по ред му ја даваа поддршката, истакна денес градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.

Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата:

Тоа добро го знае и аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој знае дека со луѓе како Владимир Талевски, деструктивната политика на СДСМ никогаш нема да добие поддршка од граѓаните. Затоа Зоран Заев кој е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра, нарачува политички прогон на градоначалници и функциoнери на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Катица Јанева постојано ги следи неговите наредби. Таа мора да биде негов послушник за да ја оправда платата од 3.000 евра. Затоа СДСМ се закануваат и вршат притисоци врз судиите, бидејќи знаат дека тука не станува збор за правда базирана на какви било докази, туку за класичен политички линч.

Катица Јанева и судиите кои подлегнаа на притисокот од страна на СДСМ се должни да и објаснат на јавноста како е можно да се бара и да се изрече мерка куќен притвор за градоначалникот Владимир Талевски, а да нема таква мерка за градоначалникот на Струмица кој целата јавност го виде како бара поткуп од едно евро за него и едно евро за Вицето.

Како е можно Владимир Талевски кој редовно се јавуваше на сите судски покани да биде во куќен притвор, а Зоран Заев кој јавно изјавуваше дека за него не постојат македонските судови и дека нема намера да се одзива на поканите да биде на слобода ? Како е можно Владимир Талевски кој никогаш не сторил никакво кривично дело да биде во притвор, а Зоран Заев, кој неколку пати го повторува криминалот и веќе еднаш е аболициран да биде недопирлив за Катица Јанева и уценетите судии?

Конечно Катица Јанева треба да се соочи со срамот и судот на јавноста. Треба да ја каже вистината дека нема никаква вина кај Талевски, ниту некаква материјална штета за државата. Запазена е целосно законската тендерска процедура и избрана е најдобрата понуда. Дали Катица Јанева знае колкава е просечната цена по ученик во Куманово ? Ако не знае, ние ќе и помогнеме. Медиумите веќе објавуваа дека просечната цена за превоз по ученик во Куманово е за 2,5 пати повисока отколку цената која што ја плаќа општина Битола. Ова е факт. Од овој факт бега и Зоран Заев и Катица Јанева.

Селективниот пристап на Катица Јанева е уште еден доказ дека тоа што го прави нема никаква допирна точка со правдата.

Владимир Талевски е жртва на политичкиот прогон на Зоран Заев и Катица Јанева. Тој е симбол на нивните неуспешни и деструктивни политики преку кои се обидуваат подмолно да му нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на претстојните локални и парламентарни избори.

Зоран Заев и Катица Јанева нема да успеат во тоа. Двајцата ќе бидат поразени и ќе се срамат за ваквото нивно делување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top