| четврток, 6 декември 2018 |

Знаеме, но не е така: Една кучешка година не се седум човечки

0825_dog-800x480
Сите велат дека една година за кучињата е еднаква на седум години за луѓето. Но, како и многу други работи што ги кажуваат сите и оваа не е точно. Кучињата имаат животни стадиуми слични како кај луѓето, но математиката не е толку едноставна. Како за почеток, едногодишно куче не е еквивалент за седумгодишно дете.
“Ако погледнете едногодишно куче, тоа е сексулно зрело”, вели ветеринарот Марти Бекер.
“Тие сe уште имаат уште за созревање и не се целосно созреани ментално, но тие се во комплетна зрела големина и можат да се размножуваат.”
Ветеринарката Лиза Радоста предлага на едногодишните кучиња да гледате како на човек на 13 години.
Ова значи дека во првата година од животот на кученцата се случуваат голем број развојни процеси.
“Ако бебето го чувам дома во текот на првата година од животот, тоа не прави голема разлика. Сe уште има доволно време додека стигне на 5-годишна возраст и почне да оди во градинка”, вели Радоста.
“Но, ако исто вака го чувате и кученцето, сега би имале тинејџер кој никогаш нема видено човек со шапка или куче што лае на него.”
Затоа е важно за кученцата да излегуваат надвор и да го запознаваат светот во текот на првата година од својот живот.
Во текот на првите четири или пет месеци тие поминуваат низ различни периоди кога се најотворени кон различни искуства и запознавање нови луѓе.
“Кучињата поминуваат низ одреден период меѓу 6 и 10 или 11 месеци, кога пропаѓа голем дел од контролата на импулсивноста, како и голем дел од нивната посветеност кон вас и она што го барате од нив”, вели Патриција Меконел, тренер и експерт за однесување на кучињата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top