Повеќе полициски службеници од СВР Охрид се вклучени во преглед и пребарување на теренот околу селото Велестово со цел пронаоѓање на лицето К.Ф. (64) од охридското село Рача кој синоќа во 18 часот, од страна на неговото семејство беше пријавен за исчезнат, пренесува локалниот портал „Охрид њуз“.
– Овие посебни полициски активности, СВР Охрид ги отпочна набрзо после пријавувањето и беа насочени кон месноста „Крстец“ атар на селото Велестово. Претресот на планинскиот дел со бујна вегетација траеше до 01 часот и 30 минути утрово, а продолжија и денес. Во посебните полициски мерки за преглед и претрес на терен во потрага по исчезнато лице, денес ќе бидат ангажирани и службени полициски кучиња за потрага на лица од соодветната полициска единица при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Прегледот и претресот на терен се одвива во содејство со единицата за интервенции и спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид, како и со месно население од селото Рача.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст