| четврток, 6 декември 2018 |

Проверете дали сме меѓу нив: Десет најмирољубиви нации на светот

Од 2007 година Global Peace Index врши рангирање на нациите и регионите според мирољубивоста. Иако би можело да се каже дека светот, од ден за ден е се повеќе воинствен, овие 10 држави се истакнуваат токму според отсуството на агресивност…

Данска

Данска се наоѓа на врвот на листата поради фактот дека претставува една од најбезбедните земји на светот како држава за живот. Иако Копенхаген, главниот град на Данска, долго се наоѓал под окупација на нацистите, од Втората светска војна не се наоѓа во судири. Жителите на Данска се повеќе фокусирани на економскиот напредок, отколку во стапување во разни вооружени судири. Освен тоа, тие се многу пријателски настроени, отворени и сакаат да помогнат.

Норвешка

Според GPI Норвешка е една од најбезбедните држави на светот за живот, држава во која човечките права се на највисоко ниво, а државната влада мирот го става на прво место на своите приоритети.

Сингапур

Како активен член на меѓународната заедница и пред се мала нација, Сингапур не може да си дозволи безбедноста да ја зема здраво за готово. Од прогласувањето на независноста во 1965 година, Сингапур многу работел на развивање на добрососедските односи, но и на зголемување на економската стабилност и енергетската независност.

Словенија

Словенците се наоѓаат на самиот врв на листата на најбезбедни земји на светот. Според бројот на организираниот криминал, присутност на насилства и надворешните судири, Словенија е една од високо позиционираните членки на ОН според безбедноста која ја пружа на државјаните.

Шведска

Една од најубавите скандинавски држави Шведска се наоѓа далеку на север на Европа. Иако се вбројува меѓу најголемите извозници на оружје во Европа, има ниска стапка на криминал и кражби. Шведска не била во војна и не учествувала во било какви борби веќе 20 години.

Исланд

Исланд од секогаш се држел по страна во време на големите судири. И наспроти тоа што исландските банки доживеаја колапс пред неколку години, состојбата во државата остана целосно мирна.

Белгија

Сместена во самото срце на Европа, оваа мала држава е дом на ЕУ и НАТО. Можеби токму поради тој факт Белгија ретко кога била вовлечена во судири. Преполна со средновековни градови, плоштади, дворци и прекрасна природа, Белгија е рај за туристите.

Чешка

Може да се каже дека Чешка е релативно млада држава. Од моментот кога се отцепи од Советскиот блок и кога ги раскина односите со Словачка, Чешка упорно работи на тоа да стане силен економски центар и вистинско место за инвеститорите. Human Development Индекс во 2009 година ја прогласи Чешка за држава со висок развој на човековите права.

Швајцарија

Швајцарија е најпозната по сирењето, часовниците, банките и ножевите. Но, наспроти тоа, исклучително е стабилна држава со ниска стапка на судири. Исто така, неодамна е прогласена за држава со најмала нестабилност на владите и како потврда за тоа има најниска стапка на криминалот во Европа.

Јапонија

Една од најфасцинантните држави на светот, ако се суди според културата. Јапонија е трета по ред светска економија. Од Втората светска војна Јапонија не влегувала во судири, а стапката на криминал е сведена на минимум. Освен што е преубава, Јапонија е и целосно мирољубива држава. Кинезите и Корејците можеби не би се согласиле со тоа, но тоа го кажува статистиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top