Кошаркарите на Кливленд со ноќешната победа од 115:101 во натпреварот број 6 над првакот Голден Стејт се изборија за мајсторка во финалето на НБА лигата откако изедначија на 3-3 во добиени натпревари.
По четвртини: 31:11; 28:32; 21:28 и 35:30.
Решавачката предност домашната екипа ја направи во првата четртина кога за првпат поведе и со повеќе од 20 разлика (31:9).Во вториот период предноста на Кливленд беше двоцифрена, а на почетокот на вториот дел имаа и највисоки +24 поени (70:46). Во последната четвртина шампионот Голден Стејт намали на 7 поени (86:79), а на 4:22 минути до крајот Стеф Кари го заврши натпреварот поради шест лични грешки.
Леброн Џејмс со 41 поен, беше најефикасен, додека Кајри Ирвинг постигна 23. Кај Голден Стејт Кари имаше 30 поени, а Клеј Томсон 25.
Решавачкиот натпревар за титулата се игра во недела навечер на теренот на Голден Стејт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст