Овогодинешниот Фестивал на пиво ќе претставува вистинско задоволство за сите посетители.
Се повеќе се познати имињата на настапувачите кои ќе допринесат за што помасовен број на гости и пожешка атмосфера на 14-тиот фестивал на пивото и скарата.
Освен познатата балканска ѕвезда Аца Лукас, на овогодинешниот фестивал на скарата и пивото во Прилеп, ќе настапи и македонското девојче Каролина Гочева, познатата ска- панк група од Белград „Самостални референти“, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, сигурни гости се и: незаменливите Bang La Decks, Crossroad Blues Band, Fly Project, познатиот реге изведувач Raphael, Дејан Петровиќ и секако Парни Ваљак.
Овогодинешниот „Пивофест“ ќе трае од 14-ти до 17-ти јули и ќе биде уште поспектакуларен и попосетен од минатогодишните. Организаторите се уште ја немаат откриено целосната програма за фестивалот, но ветуваат огромни изненадувања и пред се добра забава за сите посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст