| четврток, 6 декември 2018 |

Германските министри бараат повеќе видеокамери и полицајци

Министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мазиер побара повеќе видеокамери со висока резолуција и специјално обучени полицајци за надзор со цел да се намали криминалот во земјата.

133219345

Во Германија минатата година се регистрирани рекордни 160 илјади кражби.

Во интервју за весникот „Рајнише пост“ де Мазиер бара повеќе видео надзор во населбите и мирните резиденцијални подрачја. Според него видео надзорот може да биде важен елемент за намалување на кражбите.

Покрај камери, министерот бара и зголемување на бројот на полицајци кои што треба да се грижат за надгледување на најпогодените подрачја. Овие полицајци кои што се познати под терминот „Полицајци за помош“ имаат помали овластувања и можат да почнат со работа со неколкумесечен тренинг.

Повикот на министерот за внатрешни работи доаѓа неколку дена откако вицеканцеларот Зигмар Габриел повика на зголемување на бројот на федерални полицајци за уште неколку илјади службеници кои што треба да бидат вработени како дополнување на 3000 полициски службеници кои што веќе се договорени меѓу колаиционите партнери ЦДУ на Меркел и СПД на Габриел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top