Поранешниот косовски министер за здравство, Ферид Агани кој сега го води Министерството за животна средина е обвинет за злоупотреби околу субвенциите за приватни болници, заедно со уште 59 лица.
Агани и другите обвинети, од кои повеќето биле вработени во Министерството за здравство, се осомничени за злоупотреба на службена должност, при потпишување договори со две приватни болници, со кои се предвидува трансфер на пациенти и преземање соодветните оперативни зафати, соопшти Јавното обвинителство.
Обвинетите наводно добивале поткупи од околу 500 евра по хируршка интервенција, а болниците – субвенции, при што тие интервенции е предвидено да ги покрива државата.
Префрлањето пациенти во приватните болници се одвивало, и покрај тоа што истите медицински услуги можат бесплатно да се извршат во државни болници. Обвинителството прецизира дека договорите биле на сила во периодот помеѓу 2011 и 2015 г.
Незаконските постапки причиниле загуба во приходите во буџетот на Косово во износ од 4,5 милиони евра.
Тие се обвинети и за непочитување на процедурата за аутопсија на пациенти во две приватни болници, каде што 222 пациента починале од разни болести за четири години.
Осомничените го прекршиле законот, којшто предвидува аутопсија на пациентите, најмногу 72 часа по смртта ако тоа се случи во една од тие здравствени установи, се додава во соопштението на Обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст