| четврток, 6 декември 2018 |

Ова била седма бременост за починатата родилка

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово веднаш издаде Наредба за обдукција на телото на починатата родилка, како и насоки за прибирање информации за утврдување на причините што довеле до смртта на родилката, соопшти ОЈО.

Во текот на вчерашниот ден сега починатата 37-годишна родилка од Крива Паланка била донесена во Јавната здравствена установа Општа болница – Куманово во ОЕ за гинекологија и акушерство, каде по безуспешниот обид за спонтано породување, со одлука на надлежните гинеколози се пристапило кон породување со царски рез. Изведувањето на царскиот рез течело нормално и на свет било донесено здраво машко дете.

По будењето од анестезија на родилката и се влошила состојбата, по што итно е испратена во придружба на анестезиолог, анестетичар и медицинска сестра од интензивно лекување на скопските клиники. На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување била примена и покажувала знаци на живот. Откако починала била вратена во кумановската болница, по што бил известен јавен обвинител.

Телото утринава е однесено на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија. По добивањето на обдукцискиот протокол јавноста ќе биде информирана за натамошниот тек на постапката.

На родилката ова ѝ била седма бременост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top