| четврток, 6 декември 2018 |

Го ставил пиштолот под перница – тетовец по грешка се застрелал

Вчера во 00.05 часот во Клиничката болница во Тетово бил донесен Ф.А.(1957) од с. Порој, Тетово, со повреда од куршум во десната надколеница.

Имено, Ф.А. ноќта околу 23 часот во својот дом во с. Порој го ставил пиштолот ЦЗ М57 ТТ,  калибар 7,62мм, кој го поседувал со дозвола, под перница, при што пиштолот испукал еден куршум кој го повредил во надколеницата. Увид на самото место извршила екипа од СВР-Тетово, при што е пронајден пиштолот, рамка со 8 куршуми и една чаура.

Поради сериозноста на повредите, Ф.А. е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top