| четврток, 6 декември 2018 |

Се бори за живот: „Пежо“ покоси 20-годишен скопјанец

Вчера околу 12,20 часот во Скопје на бул.„Јане Сандански“, Н.Б.(1970) од Скопје, управувајќи „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Ф.М.(1996) од с.Марино-Скопје.

Од екипа на итната медицинска помош, Ф.М. е однесен во ГОБ „Наум Охридски“ каде му е констатирана тешка телесна повреда во пределот на главата, поточно скршеница на череп и е во животна опасност.

Увид на лице место извршила екипа од СВР–Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top