| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовен колеж во Скопје: Синот повреден, таткото се бори за живот

Вчеравечер околу 22 часот во ЕИК-Скопје е пријавено  дека во куќата сопственост на О.Ш.(1956) и М.Ш.(1985), лицата Р.Р.(1962) и И.Р.(1996) со употреба на нож и дрвена палка ги нападнале О.Ш. и М.Ш.

Причина за настанот според кажувањето е бидејќи М.Ш. ја раскинал љубовната врска со ќерката на Р.Р., односно сестрата на И.Р.

Од страна на полициски службеници Р.Р. и И.Р. се приведени и пронајдени се нож и дрвена палица, додека О.Ш. и М.Ш. со возило на Брзата помош се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде кај О.Ш. се констатирани тешки телесни повреди, поточно три убодни рани во градниот кош и три убодни рани во  абдоменот и се наоѓа во животна опасност. Неговиот син М.Ш. се здобил со расекотина на нога.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top