На простор од 150.000 м2, со вкупна изградена површина од 500.000 м2 во општина Ѓорче Петров, веднаш наспроти Порта Влае и новиот кружен тек, денеска започна со изградба населбата Александрија, која е првата еконаселба во Скопје.

На поставувањето на камен-темелникот на новата населба присуствуваа голем број гости.
Проект-менаџерот на новиот проект, Александар Стефанов, изјави дека новата населба ќе претатвува прва од ваков тип кај нас, и ќе ги задоволи сите еколошки стандарди.

– Ми претставува вистинска чест и задоволство што денеска заедно со вас започнуваме една нова етапа во нашето работење, а тоа е е започнувањето на изградбата на првата еконаселба во Скопје – Александрија. Ние како фабрика во овој проект се вклучивме со сопствени финансии и ресурси за да ја изградиме оваа населба чијшто камен-темелник го поставуваме денес. Во оваа пригода сакам да изразам голема благодарност до Градежниот институт на Македонија, кој активно учевствуваше во изработка на проектот на населбата, како и на цела техничка документација. Во врска со овој проект можам да ви кажам дека околу 20.000 семејства ќе имаат можност да живеат во исклучително стабилни градби кои ќе имаат и своја зелена површина на покривните површини, како и на дел од терасите и останатите заеднички простории во рамките на населбата – изјави Александар Стефанов, проект-менаџер на Александрија и член на Управниот одбор на фабрика „Карпош“.

На поставувањето на камен-темелникот на населбата Александрија свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски.

– Денеска навистина сум горд што започнуваме еден ваков голем проект, кој е од големо значење за општина Ѓорче Петров и градот Скопје, проект кој ќе биде пример за изградба на современи и еколошки населби, а воедно ќе привлече и голем број станари и инвеститори во иднина. Среќен сум што населбата Александрија ќе стане посебен белег за општината и ќе остане трајно наследство за идните генерации. Сакам да изразам голема благодарност до фабрика „Карпош“ што активно придонесува кон подобрување на квалитетот на живот во нашата општина – изјави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски.

На денешниот настан беше избран и кумот на населбата на кој сопственикот на „Фабрика Карпош“ и претсетдател на Надзорниот одбор на фабриката, Кире Стефанов, му го додели клучот од гарсониерата. Кумот беше избран по пат на извлекување бидејќи името Александрија го дадоа повеќе од 30 учесници. Кумот на населбата, Сашо Ендровски, објасни од каде ја добил идејата за името Александрија.
– Моментално работиме на преводот на „Каменот од Розета и древното македонско писмо“ и се сетив дека каде и да одел Александар Македонски градел градови кои го носат името Александрија. Бидејќи кај нас нема ниту едно облежје со ова име, сметав дека би било убаво населбата да го носи токму ова име – објасни Ендровски.

Населбата се наоѓа на само 200 метри од реката Лепенец, која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје. По нејзиното течение преку Качаничката клисура, доаѓа главната струјница од ружата на ветрови во градот Скопје, обезбедувајќи му на ова подрачје чист и свеж воздух, дури и кога Скопје е под магла и штетни гасови. За нејзината чистота говори и фактот дека во близина на населбата се наоѓаат и главните бунари за водоснабдување на Скопје како дополнение на Рашче.
Лоцирана на 5 километри од центарот на Скопје, населбата Александрија е поврзана со постоен и новопредвиден булевар и на само 150 метри од кружниот тек кај Порта Влае. Овој простор има постојна здравствена, трговска и социјална инфраструктура, кој со новопредвидената урбанизација на просторот и многу зеленило, оваа еконаселба ќе прерасне во уникатна населба која ќе биде идеален избор за секое семејство. Исто така, во населбата ќе има и голем број игралишта, трговски центар, деловни објекти, бензиски пумпи, градинка и многу други содржини.
Првите станбени комплекси се предвидени да бидат вселиви до јули 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


